Почетна | Новости | 12.12.2024


Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Фондот за осигурување на депозити

На 12 декември 2024 година, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, претставуван од ректорката, проф. д-р Биљана Ангелова и Фондот за осигурување на депозити, претставуван од в.д. директорот, Бехар Емини, потпишаа Меморандум за соработка во просториите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој има за цел меѓусебна соработка која ќе овозможи запознавање на студентите на УКИМ со работата и активностите на Фондот.

Целта на овој меморандум за соработка e одржување на стручни предавања и дискусии, воспоставување на волонтерска работа на студентите како и организирање на едукативни и промотивни настани во насока на реализација на активности од заеднички интерес.

За остварување на таа цел, Фондот за осигурување на депозити, во рамките на своите можности ќе се насочи кон реализација на пракса и волонтерско ангажирање на студентите на УКИМ.

Меѓу другото, со воспоставување на оваа соработка, страните потписнички се согласија за координација на своите идни активности во земјата и во странство.