Почетна | Новости | 30.09.2021


На 1ви октомври започнува новата академска година

На 1 октомври о.г. (петок), на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доаѓа уште една  генерација студенти, со што се означува почетокот на новата академска 2021/22 година.
Негувајќи ја традицијата, организирано и свечено да ги пречекуваме новите академски граѓани, факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организираат први академски часови.
Во таа насока, ве известуваме дека ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски на 1. 10. 2021 г. (петок), далечински ќе се обрати на првите академски часови на студентите на Правниот факултет, како и на студентите на Економскиот факултет.
Обраќајќи им се на студентите на овие факултети, ректорот Никола Јанкуловски, симболично со порака ќе им се обрати на сите новозапишани студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.