На ден 11.03.2024 година, беше одржана промоција на доктори на науки, од областа на фармацевтските науки, природно-математичките науки и техничко-технолошките науки.
На свечен и традиционален начин, ректорката на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, промовираше 17 доктори на науки, кои одбраниле докторски дисертации на Фармацевтскиот факултет, Природно-математичкиот факултет, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и Машинскиот факултет во Скопје.
На ден 12.03.2024 година, беше одржана промоција на доктори на науки, од областа на медицинските науки и здравството, општествените науки и хуманистичките науки.
На свечен и традиционален начин, ректорката на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, промовираше 22 доктори на науки, кои одбраниле докторски дисертации на Медицинскиот факултет, Правниот факултет „Јустинијан Први“, Економскиот факултет и Економскиот институт во Скопје.
Промоциите на доктори на наука се одржаа во големата сала на Ректоратот, со почеток во 12,00 часот.
На 11.3.2024 година во доктори на наука беа промовирани следните кандидати:
Љубица Михаилова, доктор на фармацевтски науки
Зоран Живиќ, доктор на фармацевтски науки
Милена Спасовска Шенѓулоска, доктор на фармацевтски науки
Билјана Несторовска Ѓошевска, доктор на фармацевтски науки
Душко Шалабалија, доктор на фармацевтски науки
Рини Усеини, доктор по етнолошки и антрополошки науки
Дарко Панов, доктор на географски науки
Илдрита Саљихи, доктор на математички науки
Сања Кипријановска, доктор по биолошки науки – молекуларна биологија
Илинка Иваноска, доктор по техничко-технолошки науки, специјалност компјутерски науки и инеженерство
Ермира Идризи, доктор по техничко-технолошки науки, специјалност компјутерски науки и инеженерство
Емил Станков, доктор по природно-математички науки, специјалност информатика
Фисник Доко, доктор по техничко-технолошки науки, специјалност компјутерски науки и инеженерство
Љубинка Санџакоска, доктор по природно-математички науки, специјалност информатика
Филип Стојковски, доктор на техничко-технолошки науки од областа на машинството
Никола Манев, доктор на техничко технолошки науки од областа на машинството
Маја Аначкова, доктор на техничко-технолошки науки од областа на машинството
На 12.3.2024 година во доктори на наука беа промовирани следните кандидати:
Марија Здравеска, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на пулмологијата и алергологијата
Зоран Несторовски, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на ортопедијата
Арјета Рауфи, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на педијатријата
Ернад Косуми, доктор на науки по јавно здравство
Сандра Костеска, доктор на науки по јавно здравство
Горан Павловски, доктор на медицински науки – базична медицина од областа на судската медицина
Александра Средовска Лозановски, доктор на правни науки по казнено право
Мухамед Јашари, доктор на политички науки од областа на меѓународни односи
Емрах Михтароски, доктор на правни науки по деловно право
Калин Митрески, доктор на правни науки по право на интелектуална сопственост
Филип Ристески, доктор на правни науки по деловно право
Блерта Кондри, доктор по економски науки
Борис Тунџев, доктор на економски науки
Бурим Љатифи, доктор по организациски науки и управување (менаџмент)
Горан Мојаноски, доктор по статистички методи за бизнис и економија
Мише Тутковски, доктор од подрачјето на хуманистичките науки од полето на историја на уметност и археологија
Нена Неновска Ѓорѓиевска, доктор на науки по мировни и развојни истражувања
Виолета Панев, доктор од подрачјето на општествените науки – педагогија
Драгана Стаменковска, доктор по општествени науки од полето на безбедност, одбрана и мир
Кирче Трајанов, доктор по хуманистички науки од областа на класична и византиска книжевност
Арбреша Ајдини Дурмиши, доктор по организациски науки и управување (менаџмент)
Неда Малеска Сачмароска, доктор по организациски науки и управување (менаџмент)