Отворена нова лабораторија за претклинички вежби на Стоматолошкиот факултет
Денес на Стоматолошкиот факултет на УКИМ беше отворена нова лабораторија за претклинички вежби. Отворањето на оваа лабораторија претставува значаен чекор за унапредување на стоматолошкото образование.
Со инвестиција од 10 милиони денари, подеднакво финансирана од Универзитетот и Министерство за образование и наука, лабораторијата ќе им овозможи на студентите да стекнат практични вештини во современи услови уште во претклиничката фаза од студиите. Ова е особено важно бидејќи токму оваа фаза ја поставува основата за нивната понатамошна клиничка работа.
На свеченото отворање присуствуваа делегација на УКИМ предводена од ректорката проф. д-р Биљана Ангелова, и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.
Ваквите вложувања не само што го подобруваат квалитетот на наставата, туку и ја зголемуваат конкурентноста на студентите на пазарот на труд, особено во здравствениот сектор.





Blvd. "Goce Delchev" no. 9, 1000 Skopje, Republic of North Macedonia
ukim@ukim.edu.mk
3293-293