Петта меѓународна студентска конференција „Зелена одржлива иднина“
Ве известуваме дека Центарот за бизнис студии во Кисељак, Босна и Херцеговина, заедно со Универзитетот за применети науки Бјеловар, Република Хрватска ја организираат Петтата меѓународна студентска конференција под наслов „Зелена одржлива иднина“.
Двете високообразовни институции ги покануваат сите заинтересирани студенти, од трите циклуси студии да учествуваат на конференцијата, да ги покажат своите истражувачки вештини и да ги презентираат своите идеи, знаења, мислења и резултати од знаењето со колегите од другите институции.
Оваа година, студентската конференција ќе се одржи на 17.5.2024 година во Бјеловар, а учеството е бесплатно. Конференцијата ќе се одржи хибридно, во живо и онлајн (преку платформата ZOOM). Сите презентирани трудови ќе бидат целосно објавени во Зборникот на конференцијата. Официјални јазици на конференцијата се босански, хрватски, српски и англиски.
Повеќе информации во врска со конференцијата може да се најдат на следниов линк: https://en.ceps.edu.ba/Novost.aspx?id=974