Home | News | 11.03.2025


Промоција на доктори на науки 11.03.2025

На ден 11.3.2025 година, беше одржана промоција на доктори на науки, од областа на природно-математичките науки, медицинските и здравствените науки, општествените науки, инженерството и технологијата и хуманистичките науки.
На свечен и традиционален начин, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, промовираше 22 доктори на науки, кои одбраниле докторски дисертации на Природно-математичкиот факултет, Стоматолошкиот факултет, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер во Скопје.

 

Промоцијата на доктори на науки се одржа во големата сала на Ректоратот, со почеток во 12;00 часот.

 

Во доктори на науки беа промовирани следните кандидати:

1. Исмаил Ердил
Доктор по биологија (молекуларна биологија)

2. Ѓорѓи Божиновски
Доктор по биолошки науки (молекуларна биологија)

3. Марина Чачоровска
Доктор на хемиски науки

4. Петар Петров
Доктор по биологија (биохемија и физиологија)

5. Павел Вељаноски
Доктор на географски науки

6. Петар Јанколовски
Доктор на стоматолошки науки – стоматолошка протетика

7. Фјола Ајети
Доктор по стоматолошки науки

8. Ставре Трајчулески
Доктор по стоматолошки науки – орална хирургија

9. Анета Лазарова
Доктор на стоматолошки науки – детска и превентивна стоматологија

10. Енис Шабанов
Доктор по стоматолошки науки

11. Сузана Волнаровска-Спасовска
Доктор по хуманистички науки од областа наука за книжевност – општа и компаративна книжевност

12. Магдалена Симионска
Доктор по хуманистички науки – наука за јазик – англистика

13. Ведран Диздаревиќ
Доктор по хуманистички науки – наука за книжевност – општа и компаративна книжевност

14. Дарко Николовски
Доктор по хуманистички науки – македонистика – македонска книжевност и јужнословенски книжевности

15. Флорина Бакиевска Андреевска
Доктор на правни науки по административно право

16. Имране Морина
Доктор на политички науки од облста на меѓународни односи

17. Златко Јакимовски
Доктор на правни науки по деловно право

18. Илина Стефановска Здравевска
Доктор на правни науки по граѓанско право

19. Љирим Кадриу
Доктор по правни науки по казнено право

20. Елена Јефтоска
Доктор на биотехнички науки по дизајн и технологии на мебел и ентериер

21. Бранко Темелковски
Доктор на биотехнички науки по дизајн и технологии на мебел и ентериер

22. Анастасија Темелкова
Доктор на биотехнички науки по дизајн и технологии на мебел и ентериер