Работна посета на претседателот на Собранието на РСМ на УКИМ
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Африм Гаши, вчера, на 27 октомври, оствари работна средба со ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова.
Средбата, која се одржа по иницијатива на ректорката, помина во конструктивна атмосфера и беше посветена на повеќе актуелни прашања од областа на високото образование. На состанокот присуствуваа и проректорите на УКИМ, како и претседателот и заменик-претседателот на Сојуозот на синдикати на УКИМ.
Меѓу темите на разговор беа Законот за високото образование, статутот на Универзитетот, како и процесот на изработка на новиот колективен договор.







Blvd. "Goce Delchev" no. 9, 1000 Skopje, Republic of North Macedonia
ukim@ukim.edu.mk
3293-293