Home | News | 24.01.2025


Ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова се сретна со претставниците на Синдикатот на УКИМ проф. д-р Ангел Ристов, проф. д-р Марјан Јованов и м-р Илија Манасиев

На 23.01.2025 година се одржа официјална средба со ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова и претставниците на Синдикатот на УКИМ проф. д-р Ангел Ристов, проф. д-р Марјан Јованов и м-р Илија Манасиев. На средбата стана збор за позитивните придобивки од Колективниот договор и спремноста од двете страни за зачувување и подобрување на статусот на вработените на УКИМ. Ректорката проф. д-р Ангелова укажа на поддршката што ја дава УКИМ за почитување на законските синдикални одредби за натамошен развој на сите вработени, а во интерес на подобрување на образовниот процес за студентите. Од страна на претседателот на ССУКИМ проф. д-р Ангел Ристов беше поздравена зголемената меѓународна активност на УКИМ и соработката со студентските претставници. Тој, исто така, ги предочи следните активности на ССУКИМ по повод пет годишниот јубилеј: свечена академија, синдикалната школа и идните планирани меѓународни соработки. Заедничкиот заклучок беше дека оваа соработка на УКИМ и СССУКИМ ќе продолжи и во иднина во интерес на сите вработени и студенти на УКИМ.