Средба на ректорката проф. д-р Биљана Ангелова со н.е. амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија, г-ѓа Сецуко Кавахара
Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, на 14.4.2025 година, оствари средба со Н.Е. амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија, г-ѓа Сецуко Кавахара.
На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на академската и научната соработка меѓу УКИМ и јапонските универзитети, со акцент на заеднички истражувачки проекти, како и промоција на јапонскиот јазик и култура.
Соработката со Јапонија претставува значаен дел од стратегијата на УКИМ за интернационализација и развој на глобални академски партнерства.