Научни капацитети | Истражувачки резултати

 

Активности во сите научноистражувачки подрачја и уметности


 

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) е истражувачки ориентиран и претставува најголема научно-истражувачка институција во Република Северна Македонија. Научноистражувачката работа што ја остваруваат истражувачите и истражувачките тимови на единиците на УКИМ опфаќа области од сите научноистражувачки подрачја: природно-математичките науки, инженерството и технологијата, медицинските науки и здравството, земјоделските и ветеринарните науки, општествените и хуманистичките науки, како и уметностите.

Преку достигнувањата во научноистражувачката работа, истражувачите од УКИМ се вмрежуваат во глобални истражувачки тимови, работат на бројни истражувачки и иновативни меѓународни проекти, на апликативни проекти и општествено одговорни активности. Со тоа, извонредните научни резултати на УКИМ придонесуваат кон подобрување на видливоста на Универзитетот во интернационални рамки, а преку применетите резултати, иновациите и трансферот на технологии, кон зголемување на конкурентноста и економски развој, како и кон подобрување на животните услови и севкупен општествен развој. Со тоа, УКИМ дава исклучителен придонес во градење на македонската и глобалната ризница на знаење и пренесување на знаењето кон студентите и другите корисници.

 

 

UKIM at SCOPUS – first half of 2024


UKIM at SCOPUS – first half of 2024 е преглед на објавени публикации на автори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) во референтната индексациска база SCOPUS на Elsevier, во првата половина од 2024 година (1.01 – 1.07.2024).


Ажурирано на 1.07.2024, вкупно 274 публикации на автори од УКИМ. Пристапи до документ.

 

 

UKIM at WoS – first half of 2024


UKIM at WoS – first half of 2024 е преглед на објавени публикации на автори од УКИМ во референтната индексациска база Web of Science (WoS) на Clarivate Analytics, во првата половина од 2024 година.


Прегледано на 1.07.2024, но ажурирани од WoS до 31.05.2024, вкупно 151 публикации на автори од УКИМ. Пристапи до документ.

 

 

На УКИМ се одржа дебата на тема:
„Науката на УКИМ во функција на подобро општество“


Повеќе за дебатата во документот и на следниот линк.

https://ukim.edu.mk/ukim-go-odbelezhuva-svetskiot-den-na-naukata-za-mir-i-razvoj-10-noemvri-2/

 

 

 

Заклучоци од дебатата


Заклучоците од Дебатата може да се прегледаат во документот и на следниот линк.

https://ukim.edu.mk/na-ukim-zakluchoci-od-odrzhana-debata/