Од дијагностика до конзервација: Напредни методи за анализа и чистење на уметнички дела
ФЛУ – Скопје има огрома чест да ја најави тридневната работилница:
„Од дијагностика до конзервација: Напредни методи за анализа и чистење на уметнички дела“
Факултетот за ликовни уметности – Скопје, во соработка со Универзитетот на Западна Атика (UNIWA), Атина, Р. Грција, организира тридневна работилница за конзервација, наменета исклучиво за студентите на ФЛУ!
Работилницата ќе ја водат професори од Катедрата за конзервација на антиквитети и уметнички дела UNIWA, кои ќе споделат напредни техники за анализа и третман на уметнички дела, вклучувајќи рентгенска флуоресцентна (XRF) спектроскопија, FTIR анализа, примена на водени гелови. електрохемиски методи за конзервација на метални уметнички дела.
Датум: 18 – 20 февруари, Галерија ФЛУ
Време: 09:00 – 18:00 часот