Почетна | Вести | 12.10.2026


УКИМ на VIII издание на „Rome International Seminar” 2026: Академска соработка и дијалог за мир

Делегација на УКИМ, предводена од ректорката проф. д-р Биљана Ангелова и со студентските претставници Сергеј Пуриќ и Александар Бојчовски, учествуваше на VIII издание на меѓународниот семинар „Rome International Seminar 2026″, одржан од 21 до 27 септември во Рим 🇮🇹

На семинарот учествуваа универзитетски делегации од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Украина, Либан, Палестина, Израел, Сирија, Јордан и Кипар, со фокус на улогата на високото образование во градењето мир и меѓународната соработка.

Во рамки на програмата беше потпишан Меморандум за универзитетска соработка, а учесниците присуствуваа на академски предавања, средби со амбасадори и претставници на мировните мисии при ООН и ЕУ, како и на аудиенција кај папата Лав XIV во Ватикан.

На семинарот се обратија ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова и студентот Сергеј Пуриќ.

Академскиот дел се одржа на Универзитетот „Рома Тре”, каде проф. Рафаеле Торино говореше за Европската Унија како глобален актер, а проф. Франческо Мајоло за основите на човековите права и глобалниот мир. Програмата опфати и мировни концерти во базиликата „Санта Цецилија” и палатата „Палацо Фарнезе”, како и посети на Витербо, Капрарола и Асизи.

Учеството во Рим уште еднаш ја потврди посветеноста на УКИМ кон меѓународната академска соработка.