Почетна | Новости | 27.03.2026


Оглас за вршење практична работа во Народната банка на Република Северна Македонија

Оглас за вршење практична работа во Народната банка на Република Северна Македонија за студентите на прв и втор циклус студии

На огласот можат да се пријават студенти запишани на прв и на втор циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за вршење практична работа од областа на економијата, правото, информатичките науки и други области во доменот на работата на организациските единици во Народната банка.

Времетраењето на практичната работа е еден месец во текот на летниот период, во јуни, јули или август 2026 година.

Краен рок за аплицирање: 5 мај 2026 година
Линк за пријавување и повеќе информацииhttps://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-oglas-za-vrsene-prakticna-rabota-vo-narodnata-banka-na-republika-severna-makedonija-2026.nspx