Центар за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс)

 

Center for Advanced Interdisciplinary Research – ЦеНИИс Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) е формиран од страна на Сенатот на УКИМ, во 2021 година.


Мисија

  • Поврзување на научниците и истражувачите кои работат и творат во светот, а се родум од нашата држава,
  • Воспоставување соработка со УКИМ и вмрежување со нашите научни кадри и млади истражувачи;
  • Синергетски развој на научни интердисциплинарни јадра во различни области, кои ќе придонесат кон подобрување на видливоста на УКИМ во меѓународниот научноистражувачки екосистем.

Визија

Да биде матица за научници родум од нашата држава, кои сакаат да се вмрежат и да воспостават соработка со УКИМ, со цел зајакнување на интернационализацијата и видливоста на Универзитетот.

 

 

Основачи на ЦеНИИс


 

Иницијатори за основање на ЦеНИИс се научници и професори на странски универзитети, родум од нашата држава:

 

 


Дигитална платформа на ЦеНИИс


      Веб-страница researchnet.mk е иницијатива на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ, наменета за истражувачи кои се заинтересирани за соработка со научници родум од Македонија, кои работат надвор од границите на земјава.

Идејата е researchnet.mk да стане простор каде што македонските научници во странство ќе можат да ги објавуваат своите истражувачки интереси, вештини и области на експертиза за да се поврзат со потенцијални соработници од Македонија.

Проектот беше претставен во февруари 2023 година од страна на членовите на тимот на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања.

Придружете ни се: http://researchnet.mk/


 

Активности



 

https://ukim.edu.mk/5758-2/


https://ukim.edu.mk/6599-2/


https://ukim.edu.mk/veshtachkata-inteligencija-vo-obrazovanieto-i-naukata/

Галерија



Публикации на членовите на ЦеНИИс афилирани на УКИМ


Членовите на ЦеНИИс како истакнати научници и истражувачи, секој во својата област на интерес, имаат богата научна публицистичка дејност. Со добивање на почесната позиција, како членови и истражувачи на ЦеНИИс на УКИМ, тие публикуваат со двојни афилијации и покрај афилијацијата на нивната матична институција, ја внесуваат и афилијацијата:


Center for Advanced Interdisciplinary Research, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje


На овој начин, членовите на ЦеНИИс исклучително многу придонесуваат за интер-национализацијата и видливоста на УКИМ во глобални рамки. На следниот линк се пристапува кон базата на научни трудови афилирани кон УКИМ, публикувани од членовите на ЦеНИИс.

Повеќе за Публикации на членовите на ЦеНИИс афилирани на УКИМ.

 

Структура на Центарот за кариера на УКИМ


Структурата на ЦеНИИс при УКИМ ја сочинуваат:

  • Совет на ЦеНИИс,
  • Членови на ЦеНИИс.

Стратегиските прашања во надлежност на Советот на ЦеНИИс, ги координира раководител.

Административните прашања во надлежност на Советот на ЦеНИИс, ги координира секретар.


 

Постојани членови

  • проф. д-р Никола Стиков, Polytechnique University of Montreal, Institute of Biomedical Engineering, Montreal, Canada
  • проф. д-р Јадранка Стојановска, New York University, Grossman Medical School, New York, USA
  • проф. д-р Розита Димова, Ghent University, Department of Languages and Cultures, Ghent, Belgium
  • проф. д-р Панче Наумов, New York University Abu Dhabi, Department of Science, Mathematics and Chemistry, Abu Dhabi, UAE

Изборни членови

Проф. д-р Валентина Гечевска, проректор за наука на УКИМ

Проф. д-р Александар Скепаровски, проректор за меѓународна соработка на УКИМ

Академик д-р Глигор Јовановски, МАНУ


Раководител

Проф. д-р Ордан Чукалиев

Секретар

м-р Катерина Климоска

 

 

Проф. д-р Никола Стиков

Проф. д-р Рoзита Димова

Проф. д-р Панче Наумов

Проф. д-р Јадранка Стојановска

Проф. д-р Илија Дуковски

Проф. д-р Андреј Ристески

Проф. д-р Жанета Николовска-Цолевска

Проф. д-р Наташа Јоноска

д-р Кирил Гаштеовски

Проф. д-р Весна Илиќ

Проф. д-р Зоран Шуниќ