Почетна | Новости | 30.08.2024


51. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК на УКИМ

Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, во периодот од 30 до 31 август 2024 година, се оддржа  51. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, на која учествуваа 85 македонисти, филолози, слависти, балканолози, културолози, академици, емеритуси, раководители на катедри на лекторатите, професори, научни истражувачи, лектори и преведувачи од целиот свет.

Работата на конференцијата се одвиваше во две секции: јазична и литературно-културолошка. Темите за јубиларите Крсте Мисирков, Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски поттикнаа 75 реферати, а слоганот на конференцијата „75 за 75“ беше создаден за „75 реферати за 75 години УКИМ“.

Имено, ќе следи публикување на Зборник на трудови од 51. Меѓународна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.