Почетна | Новости | 31.05.2024


8-ми Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА УКИМ НА РЕКТОРСКИОТ ФОРУМ КОЈ СЕ ОДРЖУВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО САРАЕВО

 

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Биљана Ангелова и проф. д-р Огнен Марина учествуваат на дводневниот (30-31 мај 2024 г.) 8-ми по ред Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан, кој се одржува во Ректоратот на Универзитетот во Сараево. Форумот има за цел да ја подобри и прошири соработката помеѓу универзитетите од регионот. Ректорскиот форум е произлезен од „Берлинскиот процес“ – иницијатива за подобра интеграција на Југоисточна Европа. Форумот е посветен на промовирање на европските политики во науката и високото образование, размена на добри практики и зајакнување на соработката со учество на заеднички проекти.

На Панел дискусијата за иднината на универзитетите во Европа, Ректорката проф.д-р Биљана Ангелова, која учествуваше како панелист, истакна дека „Покрај дигитализацијата, подготвеноста и капацитетот на луѓето за промени е најсуштинскиот предуслов за подобра иднина на нашите универзитети“.