Home | News | 27.01.2025


СТИПЕНДИИ ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ И ИСТРАЖУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА

Доколку имате завршено магистерски студии во последните 5 години или моментално работите на вашиот докторат, Фондацијата за животна средина на Германија ДБУ, Deutsche Bundesstiftung Umwelt (DBU) нуди одлична можност за истражувачки престој во Германија, во траење од 6-12 месеци и тоа на универзитети, институти, невладини организации или во приватни компании (институцијата домаќин ја избирате сами). Досега 11 студенти од Македонија ја искористиле можноста.

Програмата поддржува најширок опсег на професии, под услов предлог-проектот да биде директно или индиректно поврзан со заштитата на животната средина, екологијата, одржливиот развој, климатските промени, обновливите извори на енергија и сл. 

Повеќе информации за програмата прочитајте на: https://www.dbu.de/en/promotion/moe-fellowship/

Програмата има рок за аплицирање двапати годишно: 5 март и 5 септември и е отворена за апликации од кандидати од сите дисциплини.

Што нуди ДБУ:

  • Стипендија за 6-12 месеци по ваш избор зависно од истражувањето
  • 1350 евра месечно (за покривање на трошоци за престој и храна)
  • Здравствено осигурување
  • Интензивен курс по Германски јазик
  • Вмрежување со експерти и ментори од вашата струка и вашето поле на интерес од Германија и цела Југоисточна Европа

📩 За повеќе информации може директно да го контактирате координаторот на програмата за ДБУ од Северна Македонија, Фросина Пандурска-Драмиќанин: frosinamia@gmail.com