International Seminar on Macedonian Language, Literature, and Culture |

Основна дејност

Семинарот има шест основни дејности:

●  организирање и грижа за работата на лекторатите по македонски јазик во странство;
●  организирање  летна школа со курсеви по македонски јазик и предавања од областа на македонскиот јазик, литература, историја и култура;
● организирање зимска школа со курсеви по македонски јазик
●  организирање меѓународна научна конференција на теми од македонскиот јазик, македонската литература и култура;
●  сопствена издавачка дејност за потребите на лекторатите, летната школа и научната конференција;

 

Управа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура:

    ●  проф. д-р Kристина Николовска, директор
        (електронска адреса: k.nikolovska@ukim.edu.mk)
    ●  м-р Евдокија Илијевска, помлад соработник за деловно работење (evdokijailievska@ukim.edu.mk)

 

Малку историја

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура е основан на 22 декември 1967 година.

Досега се одржани 56 летни школи и три зимски школи, на кои учествувале повеќе од 4000 учесници од над 60 земји,  меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик во нашите лекторати и универзитетите во светот.

Во претходниот период со Семинарот раководеле:

● Александар Спасов  (1968-1970);
● Божидар Видоески  (1971-1977);
● Томе Саздов  (1978 – 1983);
● Кирил Конески  (1984-1985);
● Томислав Тодоровски  (1986-1989 и 1997-2000);
● Коста Пеев  (1990-1993);
● Максим Каранфиловски  (1994-1996, 2001-2005 и 2009-2013);
● Емилија Црвенковска  (2006 – 2009);
● Славица Велева (2013 – 2019);
● Весна Мојсова – Чепишевска (2019-2023);
● Кристина Николовска (2023-сега).