Home | News | 15.04.2025


Генерално собрание и Годишна конференција на Европската универзитетска асоцијација (EUA)

Ректорката проф. д-р Биљана Ангелова го претставувaше Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на Генералното собрание и Годишната конференција на Европската универзитетска асоцијација (EUA) кои се одржаа од 10 -11.4.2025 година во Рига, Летонија. На Генералното собрание, на оваа најзначајна асоцијација на високообразовните институтции во Европа, беа изгласани нови членови на управните тела, беа усвоени Годишниот извештај за 2024 година и Годишната програма за 2025 година. На Конференцијата, ректори, претседатели и проректори на реномираните европски универзитети дискутираа за иднината на европскиот универзитетски простор, финансирање на науката и улогата на универзитетите во општествената трансформација. Исто така, проф. д-р Биљана Ангелова, учествуваше на Панел-дискусијата за ректори на мрежата UNICA, која се одржа на 9 април 2025 година, ден пред Годишното собрание на EUA, на тема „Конкурентност и инклузивност во истражувањето и иновациите во Европа“. На настанот, високи претставници на европските универзитети разговараа и разменија сознанија за клучните предизвици во високото образование и научно-истражувачката дејност во рамки на програмата HORIZON.

👉 https://www.eua.eu/news/eua-news/four-members-elected-to-euas-board.html
👉 https://www.unica-network.eu/event/unica-rectors-panel-riga-2025/

Присуството на УКИМ на овие значајни меѓународни форуми ја потврдува нашата посветеност кон интернационализацијата, соработката и активното учество во обликувањето на европските образовни и истражувачки политики.