УКИМ го честита: 5 мај – Ден на македонскиот јазик!
Македонскиот јазик – е завет кој мора да го чуваме, негуваме и развиваме.
Големата мисла на Мисирков е наш аманет: „Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зашто тој е наш, исто така, како што ни е наша татковината ни.“
Кон големиот завет, Блаже Конески маестрално ќе порача: „Се додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.“
Од обраќањето на ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Биљана Ангелова на настанот по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик, како и одбележувањето на јубилеите: 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, 80 години од усвојувањето на македонската азбука и 80 години од усвојувањето на првиот македонски правопис, во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.