Тројца нови GCDF кариерни советници на УКИМ
Со особена чест и радост информираме дека тројца универзитетски професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје успешно ја завршија меѓународната обука за GCDF (Global Career Development Facilitator) и се стекнаа со сертификат за кариерни советници:
▪️ проф. д-р Јана Клопчевска – Технолошко-металуршки факултет
▪️ проф. д-р Маја Целеска Крстевска – Факултет за електротехника и информациски технологии
▪️ проф. д-р Игор Сековски – Факултет за ликовни уметности
Заклучно со нив, на УКИМ сега има вкупно 8 GCDF сертифицирани кариерни советници:
▪️ проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска – Фармацевтски факултет
▪️ м-р Маријана Цветковска – Економски факултет
▪️ проф. д-р Софија Георгиевска – Филозофски факултет
▪️ проф. д-р Благица Сековска – Факултет за ветеринарна медицина
▪️ проф. д-р Трајче Велковски – Машински факултет
Изборот и развојот на кариерата се долгорочен процес кој бара континуирана поддршка, информирање и професионално насочување. Преку Центарот за кариера при УКИМ, под раководство на проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска, студентите добиваат стручна помош за да ги поврзат своите интереси, вредности и способности со можностите на современиот пазар на труд.
Новите GCDF сертифицирани кариерни советници ќе придонесат за:
✔️ индивидуална и групна поддршка на студентите при избор и планирање на кариера
✔️ посилно поврзување на академските програми со реалните потреби на работодавачите
✔️ развој на кариерни вештини, професионална ориентација и подготвеност за вработување
✔️ унапредување на квалитетот и достапноста на услугите на Центарот за кариера при УКИМ
Оваа активност е дел од пошироката заложба на УКИМ за сеопфатна, етичка и структурирана поддршка на студентите, не само во студирањето туку и во нивниот кариерен пат.
Им упатуваме искрени честитки на колегите и им посакуваме многу успех во новата улога – кариерни советници на идните генерации студенти на УКИМ!



Blvd. "Goce Delchev" no. 9, 1000 Skopje, Republic of North Macedonia
ukim@ukim.edu.mk
3293-293