Home | News | 17.12.2025


На Природно-математичкиот факултет – Скопје при УКИМ се одбележа Денот на факултетот

✨Вчера, на Природно-математичкиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, свечено беше одбележан Денот на Факултетот.

Свеченоста се одржа во амфитеатарот „Ордан Печијаре“, каде свое обраќање имаа деканот на Факултетот, проф. д-р Даворин Трпески, како и ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова.

Во рамки на настанот беа доделени признанија на пензионирани вработени за нивниот значаен придонес во развојот на Факултетот, признанија за 20 години работа, како и награди за најдобро дипломираните студенти. Исто така, беа промовирани магистри и дипломирани студенти од соодветните институти.✨