Home | News | 18.02.2026


На 17 февруари о.г., Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и ТАВ Македонија потпишаа Меморандум за соработка

Меморандумот го потпишаа ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова и генералниот директор на ТАВ Македонија, г. Неџат Курт.

Оваа соработка претставува значаен чекор кон создавање кадар подготвен за современите предизвици и кон зголемување на применливоста на знаењето во реалниот сектор, односно со ова партнерство се отвораат нови можности за поврзување на академската заедница со бизнис-секторот како и заеднички развој на иновативни, дигитални и одржливи решенија.

Фокусот на нововоспоставената соработката е насочен кон:

– унапредување на образовниот и научноистражувачкиот процес
– креирање современи студиски програми во области како авијациска безбедност, логистика, ИКТ, животна средина и менаџмент
– организирање стручна пракса, практична обука и работно учење за студентите
– поддршка на дипломски, магистерски и докторски истражувања
– реализација на заеднички научноистражувачки и развојни проекти
– обуки, семинари, работилници и конференции

Партнерството, исто така, предвидува и размена на експертиза, податоци и добри практики, како и организирање заеднички настани со домашни и меѓународни институции.

Оваа соработка претставува значаен чекор кон создавање кадар подготвен за современите предизвици и кон зголемување на применливоста на знаењето во реалниот сектор.