Промоција на доктори на науки
На 26.2.2026 година беше одржана промоција на доктори на науки од областа на медицинските и здравствените науки, општествените науки, хуманистичките науки, земјоделските и ветеринарни науки и инженерството и технологијата.
На свечен и традиционален начин, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, промовираше 21 доктор на науки, кои одбраниле докторски дисертации на Медицинскиот факултет, Правниот факултет „Јустинијан Први“, Економскиот факултет, Институтот за македонска литература, Факултетот за земјоделски науки и храна и Технолошко-металуршкиот факултет.
Промоцијата на доктори на науки се одржа во големата сала на Ректоратот, со почеток во 12:00 часот.
Во доктори на науки беа промовирани следните кандидати:
1) Розета Соколова – доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на детската хирургија
2) Анета Атанасовска – доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на медицината на трудот
3) Огнен Шешоски – доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на ортопедијата
4) Иво Куновски – доктор на науки по јавно здравство
5) Дејан Тодевски – доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на пулмологијата и алергологијата
6) Теа Лалевска – доктор на правни науки од областа на граѓанското право
7) Шкурте Кадри – доктор на правни науки од областа на граѓанското право
8) Андреа Здравковска – доктор на правни науки по граѓанско право
9) Андриана Матлиоска – доктор на правни науки по деловно право
10) Бесиана Џафери Беќири – доктор на правни науки по граѓанско право
11) Филип Пеовски – доктор по економски науки
12) Ирена Богоевска-Гаврилова– доктор по економски науки
13) Јасна Тоновска – доктор по економски науки
14) Јани Манасов – доктор по организациски науки и управување (менаџмент)
15) Кристина Христова-Николова – доктор по културолошки студии
16) Ема Лакинска – доктор по културолошки студии
17) Елмазе Нура – доктор по културолошки студии
18) Билјана Ристаќовска Ширговска – доктор на земјоделски науки
19) Никола Сарагиновски – доктор на земјоделски науки
20) Нора Лимани Бекташи – доктор на техничко-технолошки науки – технологија
21) Мартин Стојчевски – доктор по техничко-технолошки науки – технологија



Blvd. "Goce Delchev" no. 9, 1000 Skopje, Republic of North Macedonia
ukim@ukim.edu.mk
3293-293