Home | News | 09.04.2026


Отворен повик за Програмата за пракса на НАТО

Отворен повик за Програмата за пракса на НАТО

Се известуваат студентите дека е отворен повикот за аплицирање за Програмата за пракса на НАТО.

Програмата овозможува реализација на 6-месечна платена пракса во седиштето на НАТО во Брисел, со почеток во март или септември 2027 година.

Праксата може да се реализира во следните области: правни иполитички науки; одбрана и безбедност; комуникации и маркетинг; човечки ресурси; економија и финансии; наука и технологија; информатичко-комуникациски технологии (ИКТ) и сајбер-безбедност.

Оваа програма претставува значајна можност за стекнување практично искуство и продлабочување на знаењата во меѓународна и професионална средина.

Кандидатите се повикуваат да се информираат за начинот на аплицирање на следниот линк: https://bit.ly/4ccxrtt

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 30 април 2026 година.