Прв патент на УКИМ во медицинската хемија: Фармацевтскиот факултет со признание „Патент на годината 2025“

✨Фармацевтскиот факултет при УКИМ денеска го доби признанието „Патент на годината 2025″ од Државниот завод за индустриска сопственост, доделено по повод 26 април, Светскиот ден на интелектуалната сопственост.
Признанието е за пронајдокот „Кумарин-1,2,3-триазол-изатин хибридни молекули и нивна примена”, развиен од проф. д-р Ана Поцева Пановска и доц. д-р Александар Димковски. Станува збор за нови хибридни соединенија со потенцијална примена во третманот на невродегенеративни заболувања, вклучително и Алцхајмеровата болест.
Ова е воедно и прв патент на УКИМ во областа на медицинската хемија. Истражувањето моментално е во предклиничка фаза, а следните чекори се насочени кон продлабочување на резултатите и нивна трансформација во реална терапевтска опција.✨






Blvd. "Goce Delchev" no. 9, 1000 Skopje, Republic of North Macedonia
ukim@ukim.edu.mk
3293-293