Успешно завршена обука на вработените од стручната служба на Универзитетот

✨Вработените од Стручната служба на Универзитетот во периодот од 8-12 јуни успешно ја завршија обуката MS-4018: Draft, Analyze, and Present with Microsoft 365 Copilot, со што направија значаен чекор кон унапредување на дигиталните компетенции и модерните работни практики.
Преку оваа обука, вработените стекнаа практични знаења за користење на напредните можности на Microsoft 365 Copilot, вклучително и ефикасно креирање на содржини, анализа на податоци, подготовка на професионални презентации со поддршка од вештачка интелигенција и др. Овие вештини придонесуваат за зголемена продуктивност, подобра организација на работните процеси и поквалитетна услуга.
Менаџментот на Универзитетот континуирано се стреми да ги следи современите технолошки трендови и активно да ги имплементира придобивките од вештачката интелигенција во своето секојдневно работење. Инвестирањето во обуки од ваков тип претставува јасен показател за посветеноста кон иновациите, професионалниот развој на кадарот и создавање на модерна, ефикасна и конкурентна институција.✨

Blvd. "Goce Delchev" no. 9, 1000 Skopje, Republic of North Macedonia
ukim@ukim.edu.mk
3293-293