Универзитетската школа на докторски студии започна со работа во академската 2011/2012 година, со воведување нов концепт на трет циклус студии – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Докторските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје се реализираат во согласност со правилата на Болоњскиот процес и со Европскиот кредит-трансфер систем што овозможува нивна меѓународна препознатливост и можност за интердисициплинарни научни истражувања.
Студиските програми за докторски студии опфаќаат голем број на научни области во сите научнoистражувачки подрачја, според Меѓународната фраскатиева класификација:
- природно-математички науки;
- техничко-технолошки науки;
- медицински науки и здравство;
- земјоделски и ветеринарни науки;
- општествени науки;
- хуманистички науки и
- уметности.
Дел од докторските студии се организираат и како интердисциплинарни студиски програми во кои учествуваат повеќе единици на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Докторските студии имаат за цел:
- унапредување на научноистражувачката, уметничката и стручната работа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје;
- пренесување знаења на новите генерации;
- оспособување кадар кој самостојно ќе води оригинално научно истражување;
- развивање на нови технологии и уметнички проекти и
- интернационализација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.