Почетна | Новости | 08.10.2024


Свечено отворање на Медиумско-иновативниот центар

 

На 8 октомври 2024 свечено се отвори Медиумско-иновативниот центар во рамките на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ. Студентите по новинарство за прв во историјата на постоењето на овие студии добија комплетно опремен простор за продукција на сите видови медиумски продукти. Центарот располага со професионално студио во кое студентите по новинарство преку практична работа ќе стекнуваат професионални вештини за медиумската индустрија и новинарството. Студиото ќе биде отворено за сите иницијативи и од другите студенти на УКИМ. Обуките ќе ги спроведуваат професионални новинари.

Медиумско-иновативниот центар е резултат за заеднички проект помеѓу Правниот факултет при УКИМ и Факултетот за новинарство, медиуми и комуникации – Волтер Кронкајт при Аризона државниот универзитет и е подржан од Американската амбасада во Скопје.

Отворањето на студиото го поздравија:

Проф, д-р Сашо Георгиевски
Г-ѓа Анџела Агелер, Амбасадорка на САД во Република Северна Македонија
Проф. д-р Билјана Ангелова, Ректорка на УКИМ
Проф. д-р Доан Гилпин, професорка на Аризона државниот универзитет
Проф. д-р Јасна Бачовска Недиќ, Раководителка на Медиумско-иновативниот центар