Home | News | 23.01.2026


AcrossEU почетно финансирање (Seed Funding)

Европската универзитетска алијанса AcrossEU објавува Повик за проектни апликации – Почетно финансирање (Seed Funding), наменет за студенти, наставен кадар и истражувачи, со цел поддршка на европско ниво на иновативни, заеднички и интердисциплинарни иницијативи.

AcrossEU – европска алијанса заснована на соработка

AcrossEU обединува 9 високообразовни институции од 8 европски земји, врз основа на заедничката визија за градење на заеднички, инклузивен и визионерски европски универзитет.

Преку богатата мрежа на различни култури, експертиза и иновации, AcrossEU ја промовира соработката меѓу партнерите во областа на образованието, истражувањето и иновациите, истовремено поттикнувајќи ја мобилноста на студентите и кадарот.

Повик за поддршка на амбиоциозни иницијативи за соработка

Овој Повик има за цел да ги поддржи иницијативите предводени од членките на алијансата и да ја зајакне соработката меѓу универзитетите членки на AcrossEU.

Повикот им овозможува на наставниот кадар, истражувачите и студентите да изготват заеднички проекти на европско ниво, преку поддршка на иницијативи кои се остварливи и со ограничен рок, но со висок потенцијал за понатамошен развој.

Избраните проекти ќе добијат финансиски средства во износ од 5.000,00 до 10.000,00 евра, со цел поддршка на активности како што се мобилност, организација на научни или образовни настани, како и публикации.

Услови и критериуми

  • Може да се пријават истражувачи, наставно-научен кадар и студенти од еден од универзитетите членки на AcrossEU
  • Предлог-проектите се поднесуваат од тимови составени од учесници од најмалку два универзитети членки на AcrossEU
  • Во секој предлог-проект мора да има еден назначен главен апликант од една од институциите членки на AcrossEU
  • Во секој предлог-проект мора да има назначен по еден локален координатор на секој од универзитетите учесници во проектот
  • Главниот апликант е одговорен за координацијата на проектот и за следење на неговата имплементација
  • Посебно се поттикнуваат да се јават на повикот истражувачи во рана фаза на кариерата и студенти
  • Учеството на надворешни партнери е можно, меѓутоа, тие немаат право на директно финансирање во рамки на овој повик.
  • Апликациите мора да бидат поднесени на англиски јазик.

Временска рамка

  • Повикот е отворен на 15 јануари 2026 година
  • Повикот се затвора на 25 март 2026 година
  • Резултатите ќе бидат објавени на 15 април 2026
  • Период на финансирање од 15 април 2026 година до 15 април 2027 година
  • Најдолго времетраење на проект: 12 месеци
  • Поднесување на финален извештај: 20 мај 2027 година

Documents

  • Повик за почетно финансирање – AcrossEU Seed Funding Call
  • Формулар за апликацирање – AcrossEU Seed Funding Application Form
  • Формулар за буџет – AcrossEU Seed Funding Budget Form