Основна дејностСеминарот има шест основни дејности: ● организирање и грижа за работата на лекторатите по македонски јазик во странство;
● организирање летна школа со курсеви по македонски јазик и предавања од областа на македонскиот јазик, литература, историја и култура; ● организирање зимска школа со курсеви по македонски јазик
● организирање меѓународна научна конференција на теми од македонскиот јазик, македонската литература и култура;
● сопствена издавачка дејност за потребите на лекторатите, летната школа и научната конференција; |
Управа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура: ● проф. д-р Kристина Николовска, директор
(електронска адреса: k.nikolovska@ukim.edu.mk)
● м-р Евдокија Илијевска, помлад соработник за деловно работење (evdokijailievska@ukim.edu.mk)
|
Малку историјаМеѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура е основан на 22 декември 1967 година. Досега се одржани 56 летни школи и три зимски школи, на кои учествувале повеќе од 4000 учесници од над 60 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик во нашите лекторати и универзитетите во светот. Во претходниот период со Семинарот раководеле: ● Александар Спасов (1968-1970); |