Home | News | 28.09.2026


Доделено почесното звање Professor Honoris Causa на проф. д-р Светлана Мојсов

✨Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, негувајќи ја долгогодишната традиција на доделување признанија за афирмација на Универзитетот и високи научни и академски достигнувања, на 28 септември ѝ го додели почесното звање почесен професор на Универзитетот (Professor Honoris Causa) на проф. д-р Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ од Њујорк, Соединетите Американски Држави.

Признанието, на предлог на Природно-математичкиот факултет, ѝ беше доделено на проф. д-р Светлана Мојсов, во знак на признание за афирмацијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на меѓународно ниво, преку нејзиниот меѓународен углед потврден со севкупните достигнувања во научноистражувачката дејност, стручно-апликативната, наставно-образовната дејност и нејзиното учество во заеднички научноистражувачки проекти и научни собири.✨