|
Докторските студии се координираат од страна на Стручен совет за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, кој, пак се формира од страна на Универзитетскиот сенат.
Составот, надлежностите и начинот на работа на Универзитетскиот стручен совет за докторски студии се утврдени со Статутот на Универзитетот, со актот за неговото формирање и Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје Универзитетскиот стручен совет за докторски студии:
Стручните, административните и техничките работи за потребите на Универзитетскиот стручен совет за докторски студии се вршат од страна на Стручната служба на Универзитетот. |