Home | News | 15.10.2025


ФИНКИ го отвора центарот за вештачка интелигенција – ВЕЗИЛКА!

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје гордо објавува дека Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) е добитник на проектот „ВЕЗИЛКА: Национална ВИ Фабрика Антена на Северна Македонија“, избран за финансирање во рамките на иницијативата EuroHPC и програмата Horizon Europe.

Проектот, во вредност од околу 6 милиони евра, ќе биде финансиран од Европската Унија, а кофинансиран од Министерството за дигитална трансформација, Владата на Република Северна Македонија и ФИНКИ.

Со „Везилка“, Северна Македонија станува дел од европската мрежа на центри за вештачка интелигенција – значаен чекор кон зајакнување на националните дигитални капацитети и интеграција во европската истражувачко-иновациска инфраструктура.

Проектот има за цел создавање национален екосистем за одговорна и доверлива вештачка интелигенција, насочен кон примена во пет клучни сектори:

– здравство
– енергетика
– јавна администрација
– јазик и култура
– земјоделство

„Везилка“ ќе овозможи пристап до европски суперкомпјутери, ќе поттикне развој на човечки капитал преку обуки и ќе обезбеди поддршка за компании, истражувачи и институции во користење на напредни ВИ решенија.

Овој проект претставува фундаментален чекор во дигиталната и економската трансформација на државата, со цел Северна Македонија да се позиционира како центар за одговорна и одржлива примена на вештачката интелигенција.