Home | News | 22.04.2025


Јубилеен концерт по повод 60 години ФМУ – „Солисти на ФМУ“

Во рамки на серијата роденденски концерти со кои се одбележува 60-годишнината на Факултет за музичка уметност Скопје,
на 22.4.2026г. со почеток во 20:00ч.
во камерната сала на НУ Филхармонија
ќе се одржи Концерт на Камерниот оркестар на ФМУ „Солисти на ФМУ“.

Настапуваат:
– Камерниот оркестар на ФМУ, “Солисти на ФМУ”
под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски

Како солист ќе настапи
Аница Нелоска – пијано
(од класата на проф. д-р Марија Ѓошевска)

Овој концерт е дел од свечената програма што го слави јубилејот – 60 години традиција, уметност и музичка извонредност,
која е под ценетото покровителство на Претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска – Давкова
и поддршка од Министерството за култура и туризам на Р.С.Македонија.