Концерт на АКУД „Мирче Ацев“
По повод одбележувањето на 76-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во Домот на АРМ се одржа свечен концерт на АКУД „Мирче Ацев“ – придружна членка на УКИМ.
Преку музика, песна и игра, ансамблот уште еднаш потврди дека културата и традицијата се темели на кои се гради иднината. Настанот беше симбол на единство, вредности и академска гордост.


Blvd. "Goce Delchev" no. 9, 1000 Skopje, Republic of North Macedonia
ukim@ukim.edu.mk
3293-293