Home | News | 21.06.2024


Летната школа „Oбмислување на современиот звучен пејзаж: експериментални практики во визуелниот контекст“

На 21.06.2024 година во Лазарополе, во организација на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при УКИМ и под раководство на проф. м-р Гоце Наневски, започна втората сесија на Летната школа „Oбмислување на современиот звучен пејзаж: експериментални практики во визуелниот контекст“.

Основната цел на Школата е истражување низ алтернативни уметнички практики и дискурзивен интердисциплинарен контекст различен од традиционалните ателјерски уметнички практики и протоколи. Оваа, втора по ред сесија на летната школа, се осврнува кон звукот како платформа за креативно конципирање и инетрпретација на интердисциплинарно уметничко дело. Учесниците ќе учат за звукот и звучните феномени како заа елементи коишто може да ги употребат за создавање на звучни слики и амбиентални звучни пејсажи како сомостојни уметнички дела, но и комплексни уметнички инсталации.

Одржувањето на Летната школа во рурална планинска средина е во согласност на потребите на сесијата, која што за почеток треба да има одново запознавање со природата и тишината. Имено, живеењето и работењето во современата динамична урбана средина поставува човекови референци за тивко и тишина, поими кои учесниците ќе ги редефинираат преку уметнички израз, создаден во природа.

 

 

Предавачи се Дориан Јовановиќ, Роберт Јанкулоски, Гоце Наневски и Доротеј Нешовски.

 

FB_IMG_1719036430328