Home | News | 07.03.2026


На УКИМ одбележан Меѓународниот ден на жената 2026

Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денес се одржа настанот: „Меѓународен ден на жената, 2026 година, под мотото „Права, правда и делување за сите жени и девојки“

Настанот беше организиран заеднички со Министерството за социјална политика, демографија и млади и Обединетите нации во Северна Македонија и обедини повеќе од 100 учесници – студенти, професори, претставници на институции, дипломатската заедница и граѓански организации.

Ректорката проф. д-р Биљана Ангелова истакна дека:
„Како најстар и најголем универзитет во државата, УКИМ носи посебна
одговорност. Преку образованието не ги обликуваме само професионалните патеки на студентите, туку и вредносниот систем на општеството“.

Настанот опфати панел-дискусии со жени лидери, интерактивни разговори со
млади учесници и претставување на менторска програма за поддршка на младите жени во развојот на нивните лидерски потенцијали.