Home | News | 12.03.2025


Одбележување 80 години Црвен крст на РС Македонија со промоција на платформа за соработка и доделување на јубилејна плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Промоција на платформа за соработка со Универзитот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Во рамки на одбележување на 80-годишнината од основањето на Црвениот крст, на 12 март 2025 година на Универзитот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се организираше настан за промоција на платформата за соработка на ЦКРСМ со универзитетската заедница. На настанот, генералниот секретар на ЦКРСМ д-р Саит Саити додели јубилејна плакета на ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова во знак на благодарност за севкупниот придонес за развојот и поддршката за работата на нашето национално друштво. За време на настанот се реализираше и панел дискусија на актуелни општествени теми од академската фела со Црвениот крст за давање на придонес во влијанија за градење на политики од општествен интерес.

На панел дискусијата учесници беа проф. д-р Биљана Ангелова – ректорка на УКИМ, Александар Николовски – претседател на УСС УКИМ, проф. д-р Владимир Илиевски – Филозофски факултет и секретарот на ЦКГС – Сузана Т. Пауновска. Панелот го модерираа проф. д-р Никола Дујовски и проф. д-р Фадби Османи.

Платформата за соработка на Црвениот крст со универзитетската заедница нуди можност за студентите и наставниот кадар да земат учество во хуманитарни активности преку истражувачки и научни трдови и развивање заеднички програми и проекти во рамки на социјално-хуманитарните, здравствено-превентивните и подготвеноста при катастрофи.