Одржана меѓународна конференција во Охрид
![]() По повод одбележувањето на значајниот јубилеј 75 години од постоењето на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет, во Охрид од 16-ти до 18-ти мај 2022 година се одржа Меѓународна научна конференција на тема „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“. 
На отворањето на конференцијата присуствуваше и Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, кој со пригоден говор се обрати до присутните. Нему му беше доделена и плакета за исклучителен придонес за успешна организација на Меѓународната научна конференција. 
Исто така, на отворањето на Конференцијата беа присутни и проректорките проф. д-р Христина Спасевска, проф. д-р Валентина Гечевска и проф. д-р Биљана Ангелова, како и генералниот секретар на Универзитетот м-р Марија Маневска. 
На отворањето се обратија и Министерот за образование и наука, г-дин Јетон Шаќири, Деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Ратко Дуев, Градоначалникот на општина Охрид, г-дин Кирил Пецаков и Раководителката на Институтот за педагогија, проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска. 
 | 


Blvd. "Goce Delchev" no. 9, 1000 Skopje, Republic of North Macedonia
ukim@ukim.edu.mk
3293-293