Home | News | 17.12.2025


Потпишани договори за електронски учебници и учебни помагала за учебната 2025/2026 година

✨Потпишани договори за електронски учебници и учебни помагала за учебната 2025/2026 година

На 17 декември 2025 година, во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беа потпишани договорите за издавање електронски учебници и учебни помагала меѓу авторите и Универзитетот, претставуван од ректорката проф. д-р Биљана Ангелова.

Во рамки на Конкурсот за е-издаваштво за учебната 2025/2026 година, сите 21 пријавени учебник и учебно помагало ги исполнија предвидените услови и ќе бидат објавени во електронска форма. Со ова, УКИМ трета година по ред целосно ја поддржува дигиталната форма на универзитетските изданија.

Ректорката Ангелова ја нагласи важноста на е-издаваштвото како клучен сегмент во развојот на Универзитетот и во унапредувањето на достапни, современи и квалитетни наставни материјали за студентите.

Со новите изданија, УКИМ досега има објавено вкупно 168 електронски учебници и учебни помагала, што претставува јасна потврда за стратешката определба на Универзитетот кон дигитално образование.✨