Промоција на доктори на наука
✨На 30.10.2025 година беше одржана промоција на доктори на науки од областа на медицинските и здравствените науки, општествените науки, природно-математичките науки и од подрачјето на инженерството и технологијата.
На свечен и традиционален начин, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, промовираше 17 доктори на науки, кои одбраниле докторски дисертации на Медицинскиот факултет, Правниот факултет „Јустинијан Први“, Природно-математичкиот факултет, Градежниот факултет и Стоматолошкиот факултет во Скопје.
Промоцијата на доктори на науки се одржа во големата сала на Ректоратот, со почеток во 14:00 часот.
Во доктори на науки беа промовирани следните кандидати:
1. Илир Османи – доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на офталмологијата
2. Анамарија Јанкуловска – доктор на медицински науки – базична медицина од областа на нуклеарната медицина
3. Кристина Димитријевиќ – доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на радиологијата
4. Оливер Георгиевски – доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на медицинската биохемија
5. Александар Никодиновски – доктор на медицински науки – базична медицина од областа на клиничката фармакологија
6. Томе Делов – доктор на правни науки по казнено право
7. Леонид Трпеновски – доктор на правни науки по казнено право
8. Екрем Халимовски – доктор на правни науки по право на Европска Унија и европски интеграции
9. Ирена Шуменковска – доктор на политички науки од областа на политички науки
10. Никола Ѓоршоски – доктор на политички науки од областа на политички систем
11. Олга Гигопулу – доктор на хемиски науки
12. Ана Трајковска– доктор по биолошки науки – биохемија и физиологија
13. Благој Ачевски – доктор на хемиски науки
14. Весна Грујоска – доктор на технички науки од областа на градежништвото
15. Јасемин Хоџа – доктор на технички науки од областа на градежништвото
16. Валдет Исеини – доктор на стоматолошки науки – дентална патологија
17. Анета Ангеловска – доктор на стоматолошки науки – стоматолошка протетика





Blvd. "Goce Delchev" no. 9, 1000 Skopje, Republic of North Macedonia
ukim@ukim.edu.mk
3293-293