Home | News | 25.04.2025


Промоција на доктори на науки 25.04.2025

На 25.4.2025 година беше одржана промоција на доктори на науки од областа на природно-математичките науки, медицинските и здравствените науки и општествените науки.

На свечен и традиционален начин, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, промовираше 17 доктори на науки, кои одбраниле докторски дисертации на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Филозофскиот факултет, Медицинскиот факултет, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Природно-математичкиот факултет во Скопје и Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.

Промоцијата на доктори на науки се одржа во големата сала на Ректоратот, со почеток во 12:00 часот.

Во доктори на науки беа промовирани следните кандидати:

  1. Љуљјета Џемаиљи – доктор на правни науки по меѓународно право
  2. Емилија Алексовска – доктор на правни науки по казнено право
  3. Анета Бошковска – доктор на правни науки по граѓанско право
  4. Игор Мицевски – доктор од подрачјето на општествените науки од полето на социологија
  5. Лета Барџиева Миовска – доктор по општествени науки од полето на безбедност, одбрана и мир
  6. Катерина Костовска – доктор по општествените науки од полето социјална работа и социјална политика – социјална работа
  7. Бети Костадиновска Јорданоска – доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на анестезиологијата
  8. Елена Ристовска – доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на трансфузионата медицина
  9. Небојша Настов – доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на трауматологијата
  10. Марина Бачановиќ – доктор на науки по јавно здравство
  11. Виолета Христова Јаниќ – доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на гастроентерохепатологијата
  12. Сашо Даневски– доктор на науки по кинезиологија
  13. Лазар Поповски – доктор на науки по кинезиологија
  14. Благоја Кечовски – доктор на науки по кинезиологија
  15. Маја Лазаревска – доктор на географски науки
  16. Лумније Абдулаи – доктор на социолошки науки, научна област – социологија на организацијата
  17. Блаже Јосифовски – доктор по организациски науки и управување (менаџмент)