Почетна | Новости | 18.03.2024


Работилница ОТВОРЕНА НАУКА

УКИМ е член на CoARA Колалицијата и член на две работни групи, работна група: Кон отворени инфраструктури за одговорно истражување и оценување и работна група: Реформирање на евалуацијата на академската кариера.

 Токму поради тоа, во изминатиот период, УКИМ започна активности преку кои се започна процесот на одговор кон потребата од усогласување со европските станради и принципи дел од Европската високообразовна и истражувачка област.

Во смисла на ова, на 18 март 2024 година, во Ректоратот се одржа работилница ОТВОРЕНА НАУКА: Придобивки и предизвици.

Пред академскиот кадар, приисутен од сите единици на УКИМ, говореа: Проф. д-р Анастас Мишев, ФИНКИ, член на генералното собрание на EOSC Асоцијацијата​

Проф. д-р Владимир Трајковиќ, ФИНКИ, член на генералното собрание на OpenAIRE Асоцијацијата

Проф. д-р Соња Филипоска, ФИНКИ, EOSC Амбасадор

Настанот го отвори проф. д-р Билјана Ангелова, ректор, а модерираше проф. д-р Валентина Гечевска, проректор за наука.

 На настанот беше најавено етаблирање на Колаборациски центар за отворена наука во соработка со ФИНКИ.

 „Kолаборацискиот центар ќе ги насочува, ќе ги координира и ќе им помага на единиците на УКИМ, да ги применуваат начелата за отворена наука во истражувачката работа. Дополнително, Колаборацискиот центар ќе овозможи мапирање на истражувачката инфраструктура која ја поседува УКИМ, во насока на вмрежување за примена и користење, на локално, регионално, но и пошироко ниво. На тој начин ќе се создадат услови напредната технологија од лабораториите на УКИМ, како што е на пример новиот HPC na FINKI     (HPC – High Performance Computer), да стане достапна за пошироко користење од страна на повеќе потенцијални корисници во деловната заедница и во општеството“ – истакна проф. д-р Биљана Ангелова, ректор.