Home | News | 25.02.2025


Саем за образование

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ преку Центарот за кариера на УКИМ ќе учествува на „Саемот за образование 2025 кој ќе се одржи на 15 и 16 март во организација на Студентарија – најголемата студентска заедница и трговскиот центар Skopje City Mall, а со поддршка на Шпаркасе Банка.

🎓 Целта на овој настан е да ги поврзе младите – матурантите (идни студенти) и студентите во завршни години со универзитетите, за да се запознаат со можностите за образование, специјализација и професионален развој.