Home | News | 06.10.2025


Со билатерален договор се зајакнува академската соработка

✨На Универзитетот за словенски студии во Баку се одржа Втората меѓународна конференција за балканистика✨

✨На 26 септември 2025 година, Универзитетот за словенски студии во Баку (БСУ) беше домаќин на Втората меѓународна конференција за балканистика. Овој научен настан, чија цел беше поттикнување на академските истражувања за Балканот, зајакнување на меѓукултурниот дијалог и унапредување на регионалната соработка, собра бројни експерти и академици од различни земји.

Во рамките на конференцијата беше потпишан договор за академска соработка помеѓу Баку Славјански Универзитет во Баку, Азербејџан и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Северна Македонија, со што беше воспоставено значајно меѓународно партнерство. Договорот го потпишаа раководството на универзитетот од азербејџанска страна почитуваниот ректор, проф. д-р. Анар Нагаев, и ректорката на УКИМ, проф. д-р Билјана Ангелова, од македонска страна.

Во согласност со договорот, се планира формирање на Центар за македонски јазик, книжевност и култура при Универзитетот во Баку, каде ќе се поддржуваат академски истражувања од областа на македонскиот јазик и културно наследство. Овој центар ќе придонесе за зголемување на интересот за македонскиот јазик, поттикнување на нови научни истражувања и развој на институционалната соработка меѓу двете земји.

Дополнително, се планира организирање на курсеви по јазик и култура за студентите од двата универзитета. Во таа насока, студентите од Азербејџан ќе имаат можност да учествуваат на семинари за изучување на јазикот во Северна Македонија, со што ќе се унапреди јазичната и културната размена. Примената на академски програми за размена и заеднички научни проекти, исто така, претставуваат клучни компоненти на оваа соработка.

Ова партнерство не се ограничува само на двете високообразовни институции, туку истовремено придонесува за јакнење на академските, културните и интелектуалните врски меѓу Азербејџан и Северна Македонија.✨