Средба со делагацијата од CLEC при МОН на НР Кина
|
Денес, 12 јуни 2024 г., ректорот проф. д-р Биљана Ангелова ја прими високата делегацијата од Центарот за јазично образование и соработка (CLEC) при Министерство за образование на НР Кина предводена од заменик директорот г-ѓа Џинг Веи. На средбата беа разменети позитивните искуства од долгогодишната соработка на УКИМ со Центарот и реномираните универзитети во НР Кина.
Особено, беше нагласен успешниот развој на Институтот „Конфуциј“ при УКИМ, кој веќе 11 години реализира курсеви по кинески јазик за сите возрасти и ја промовира кинеската култура. Со цел да се унапреди соработката, се разговараше за програмите кои МОН на НР Кина ги нуди за странските студентите на сите три циклуси и новите иницијативи за научноистражувачки проекти и истражувања.
|



Blvd. "Goce Delchev" no. 9, 1000 Skopje, Republic of North Macedonia
ukim@ukim.edu.mk
3293-293