Странски студенти | Language courses

Настава за изучување македонски јазик

Наставата се организира во траење од шест месеци интензивен курс во зимскиот и во летниот семестар и се реализира според посебна програма изготвена за таа цел.
Во текот на наставата се врши континуирана проверка на знаењето на кандидатите – слушатели.
По успешно завршување на наставата и полагање на завршниот тест, кандидатите добиваат сертификат за успешно положен тест по македонски јазик како странски јазик издаден од Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски/втор јазик (ЦЕТИС МАК) при Филолошкиот факултет „Блаже Конески.

Детални информации се содржани во посебно соопштение објавено од ЦЕТИС МАК при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Уверение за познавање јазик.

Настава за изучување англиски јазик

Детални информации се содржани во посебна изјава објавена од Филолошкиот факултет “Блаже Конески”. Објавата е достапна и на веб-страницата на Универзитетот на следниот линк уким (ukim.edu.mk).

Познавања на македонскиот јазик

За кандидатите странски државјани кои немаат познавања на македонскиот јазик, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира подготвителна настава за изучување на македонскиот јазик.
Подготвителната настава се организира во траење од по три месеци интензивен курс во зимскиот и во летниот семестар и се реализира според посебна програма изготвена од Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски/втор јазик (ЦЕТИС МАК) при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
По успешно завршување на подготвителната настава и полагање на завршниот тест, кандидатите добиваат сертификат за успешно положен тест по македонски јазик како странски јазик издаден од Центарот, со што стекнуваат право за пријавување за запишување на факултетите на нашиот Универзитет.
На следниов here има дополнителни информации за полагањето и за стекнување Уверение за познавање на македонскиот јазик.