Home | News | 22.10.2026


УКИМ е дел од Мета Career University Fairs 2026

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со свои претставници, вчера, на 21 октомври 2026 година, присуствуваше на META Career University Fair 2026, одржан во Меѓународното училиште „Yahya Kemal College“во Скопје.

На настанот, претставниците на УКИМ имаа можност да ги презентираат студиските програми, можностите за образование и академскиот развој што ги нуди Универзитетот, како и да ги запознаат учениците со можностите за продолжување на образованието и градење на нивната академска и професионална иднина.

Учеството на УКИМ на Саемот претставува значајна можност за непосредна комуникација со идните студенти, промоција на високото образование и доближување на академските можности до младите.