Home | News | 30.05.2025


УКИМ го одликува германскиот професор Питер Марк со звањето почесен професор

Го одликувавме проф. д-р Питер Марк од Рурскиот универзитет во Бохум, Германија со звањето почесен професор, кое се доделува на истакнати личности од земјата и од странство, кои со своето научно, стручнo или општествено дејствување дале исклучителен придонес во развојот на науката, образованието или во унапредувањето на соработката со Универзитетот.
„Признанието кое ви го доделуваме денес е плод на посветеноста, знаењето и напорната работа која ја вложивте во развојот на академската и научната заедница. Вашата соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е пример за тоа како меѓународната размена на знаење и искуства може да создаде трајни и плодни партнерства. Со ова признание, ние не само што го наградуваме вашиот труд, туку и ја потврдуваме нашата посветеност на понатамошното градење на мостови помеѓу универзитетите, со цел да ги поттикнеме младите истражувачи и студенти на нови достигнувања и иновации“, наведе ректорката Ангелова, про доделување на признанието.
„Нашата соработка ме научи дека довербата не познава граници — потребно ú е внимание, грижа и трпеливост, а на крај имате можност да стекнете вистински пријатели, засекогаш“, наведе професорот Марк, упатувајќи благодарност.
Свеченоста за доделувањето на звањето се одржа во рамки на одбележувањето на 76 годишнината од основањето и патрониот празник – Денот на Светите Кирил и Методиј.